| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Кондарко да почне да се однесува сериозно

Ако претседателот на ДИК не знае од каде да почне, нека почне од избирачкиот список кој тој го потпиша и според кој се одржаа локалните избори

Gordana-Jankulovska-740x320-topМинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска му порача на претседателот на ДИК, Борис Кондарко да почне да се однесува сериозно и да ги извршува законските надлежности околу избирачкиот список. Јанкулоска уште еднаш децидно нагласи дека МВР целосно му стои на располагање за сите потребни податоци.

Јанкулоска изјави дека изборниот законик многу јасно, прецизно и недвосмислено ја дефинира институцијата која е надлежна за водење на избирачкиот список, а тоа е ДИК која е единствен орган да врши промени во избирачкиот список и во смисла на запишување и во смисла на бришење и во смисла на корекции на самиот избирачки список. Министерката посочи дека нивна одлука е на кој начин ќе го направат тоа, но првата работа, според неа, е претседателот на ДИК да закаже состанок и да се зафати со работа.

-Јас му порачувам уште веднаш да закаже седница на ДИК на која ќе утврдат процедури како ќе продолжат со причистувањето на избирачкиот список, а она што се однесува на другите институции, јас барем од позиција на министер за внатрешни работи за МВР можам да кажам дека сите податоци со кои ние располагаме му се ставени на располагање и дополнително доколку му е потребна било каква поддршка во насока на спроведување на оваа важна активност, целосно му стоиме на располагање се со цел активноста на прочистување на избирачкиот список да се заврши колку што е можно побрзо и да се спроведе на начин во кој сите општествени чинители ќе имаат доверба, нагласи Јанкулоска.

Таа додаде дека ако претседателот на ДИК не знае од каде да почне, му порачува да почне од последниот избирачки список кој тој го потпиша и според кој се одржаа локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top