| четврток, 6 декември 2018 |

„Ефемерки“ на 54. Октомвриски салон во Белград

Македонските уметници Јасна Димитровска и Драгана Заревска кои од од 2011-та година работат како уметничко дуо под псевдонимот Ефемерки (www.ephemerki.com), се селектирани да бидат дел од програмата на овогодинешниот, 54. Октомвриски Салон во Белград. Насловот на програмата “Никој не припаѓа овде повеќе од тебе”, e израз позајмен од работата на познатата мултимедијална уметница Миранда Џулај.

Годинава Октомвриски Салон е во знакот на феминизмот, а програмата е кураторски проект на колективот Red Min(e)d, кој го сочинуваат: Дуња Куковец, Јелена Петровиќ, Катја Коболт и Данијела Дуганџиќ – Живановиќ.

Заревска и Димитровска во рамки на свеченото отварање на Салонот, ќе го претстават својот перформанс “Методот Леле”.

Октомвриски Салон е реномирана манифестација со почетоци од 1960 година, создадена да ги следи и промовира вредностите најновите текови на регионалната и светската современа уметност. Годинава, манифестацијата ќе се одржува од 11-ти октомври до 17-ти ноември, а како место за главната поставка е избрана зградата на бившата стоковна куќа Клуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top