Издавачката куќа „Лагуна“ и компанијата „Новости“ денеска ја претставија првата книга на Ѓоковиќ, насловена како „ Сервирај за победа“. Тираж на книгата ќе биде 60.000 примероци, а, според тврдењето на „Лагуна“, доколку оди продажбата, ќе има и нови изданија.
По објавувањето на книгата на 4 октомври има продажба од 5.000 примероци без примероците од киосците на компанијата „Новости“.
Книгата може да биде добар ориентир за младите спортисти кои сакаат да постигнат успех во животот.
Во книгата доминира приказната за Новаковата исхрана, којашто била пресудна за неговиот пат кон успехот. Оваа книга има мисија да покаже дека човек од Балканот може да успее во светски рамки.
Книгата веќе е објавена во САД и се стекна со голема популарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.