| четврток, 6 декември 2018 |

Ричард Гир ја изневерил сопругата со нејзината најдобра другарка

Глумецот Ричард Гир наводно пробал да ја заведе најдобрата пријателка на неговата жена, но не му успеало.

64-годишниот глумец се разведува од неговата 52-годишна сопруга Кери Лоуел бидејќи ја повредил со тоа што се обидел да ја однесе во кревет нејзината најдобра другарка, пишува американскиот магазин „Нешнл Енкваер“.

-Она што ја прелеа чашата е тоа што Гир отворено се обидел да ја изневери Кери со нејзината најдобра пријателка. Тоа за неа бил последниот удар. Нејзината пријателка била многу помлада од неа и заедно вежбале јога- вели извор.

Кога ова го дознала Кери веднаш побарала развод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top