Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски, првпат по операцијата на десното колено, ја посети салата „Автокоманда“ и го следеше тренингот на неговиот тим Металург.
– Добро е повторно да си во Автокоманда. Одвај чекам да се вратам на теренот и да го дадам својот допринос. Тешко ми е да ги следам настаните од позиција на гледач, не сум навикнат на такво нешто – изјави Миркуловски.
Металург останува без еден од своите најдоври играчи уште еден месец.
Фото: РКМеталург
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.