| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Водовод“ од Куманово пред колапс (видео)

ЈП „Водовод“ од Куманово, кое е под надлежност на Општина Куманово, е пред колапс. Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, кој е од СДСМ, ги доведе јавните претпријатија пред банкрот. Во Куманово имаме хронично и долгогодишно обезвреднување на јавните претпријатија. Поминаа неколку месеци од локалните избори и од поставувањето нов директор на ЈП „Водовод“ од Куманово, а долгот на претпријатието сè уште е вртоглаво голем, а и понатаму се зголемува.
СДСМ во континуитет лошо ги раководи општината и јавните претпријатија. Владее непотизам, партиски вработувања и именувања кадри, континуирано задолжување на општината и на претпријатијата. Тоа се гледа и во раководниот кадар на претпријатието, откако најнапред директор на ЈП „Водовод“ од Куманово беше кумашинот на Зоран Дамјановски, Виктор Божиновски. По неговото очајно лошо работење во неколкугодишниот мандат, на негово место СДСМ го поставија Горан Стојковски, кој е син на поранешниот пратеник од СДСМ Благоја Стојковски – тврди Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Куманово.

Тој тврди дека  ЈП „Водовод“ од Куманово должи 130 милиони денари во однос на снабдувачи и на судски пресуди. Дури 50 милиони денари изнесувал долгот кон „Водостопанство“ од Куманово, претпријатие, кое морало да го потврди долгот по пат на тужба и на судска пресуда. Иако е донесена пресудата, долгот сѐ уште не им е исплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top