| четврток, 6 декември 2018 |

Надал официјално на првото место

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска официјално го престигна Новак Ѓоковиќ на првото место на листата на АТП и сега води со 40 бода предност.

Надал досега два пати беше најдобриот тенисер на светот, а првата позиција на листата на АТП ја држеше 102 недели. Шпанецот првпат стана број еден на 18 август 2008 година и на таа позиција остана 46 недели.

Поради повредата на колената, Рафа паузираше седум месеци од терените, што резултираше со пад на листата на АТП. По враќањето, освои десет титули вклучувајќи ги и оние на Роланд Гарос и на ОП на САД.

Нашиот тенисер Димитар Грабул забележа пад од три позиции и сега се наоѓа на 529 позиција, додека пак Томислав Јотовски падна за пет позиции и се најде на 819 позиција на АТП листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top