| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија дел од глобалната акција за свет без отпад

Како дел од глобалната акција „Let’s do it! World 2013“, која е поддржана од европскиот парламент и во која се вклучени 107 земји шиирум светот, се и сите општини од Република Македонија.

Пораката која се испрати од годинешната акција е дека отпадот само по себе нема да исчезне, туку е потребна заедничка координирана акција и поттикнување на граѓански активизам и развивање свест и навики за правилно управување со отпадот.

Централниот настан се одржа во Скопје а се чистеше ивата депонија под железничката пруга на ул. „Трета Македонска бригада“ во населбата Пролет.

На настанот присуствуваа министерот и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми и Стево Темелковски, градоначалниците на Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, а поддршка дадоа и претставници на кабинетот на претседателот Иванов, претставници на дипломатскиот кор и пратеници во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top