Традиционално, веќе деветти пат по ред, вечерва ќе се одржи манифестацијата Бела ноќ 2013, којашто официјално ќе биде отворена со изложбата на ремек дела од македонската современа уметност.На изложбата која за јавноста ќе биде отворена во 20:30 часот, ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто ќе им се обрати на присутните граѓани.
Во рамки на Манифестацијата „Бела ноќ 2013″, што е во организација на Младинскиот културен центар-Скопје, а под покровителство на Град Скопје, светската атракција Commandos Percu, ќе одржи и спектакуларно музичко – пиротехничко шоу, насловено како “Bombs per minute” .
Шоуто ќе се одржи на плоштадот Македонија, со почеток од 21 часот, а од техничко-безбедносни причини, Камениот мост ќе биде затворен за употреба од 20:30 до 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.