| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА уште размислува дали да има зимски Мундијал во Катар 2022 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се уште размислува дали да направи светски преседан во фубалот и да го организира Мундијалот во Катар 2022 година во зима. Конечната одлука што веќе требаше да биде донесена е одложена за следната година. Традиционално светското првенство во фудбал се одржува во летниот период, но поради високите температури во Катар, во опција е и прв зимски Мундијал.

Сите 54 членки на ФИФА ја подржаа иницијативата, СП во 2022 да се игра преку зима, по предупредувањето од докторите за проблемите што може да бидат предизвикани од високите температури во Катарво летниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top