Андреј Мељначенко овие неколку дена е премногу лут. Причина за тоа е лошото бојадисување на неговата мега-јахта „А“ поради што ја тужеше компанијата „Акзо Нобел“ за 73,5 милиони евра.
Јахтата наречена по неговата сопруга, Србинката Александра, долга е 120 метра и вреди 238 милиони евра.
На многу луѓе добро им е познато кога некој мајстор лошо ќе го обои ѕидот или, пак, лошо ќе го обои автомобилот, но кога некој ќе ја утне работата со јахтата на Андреј Мељниченко, скапо ќе го чини.
Рускиот моќник, чиешто богатство е проценето на 10,7 милијарди евра, поднесе тужба пред судот во Њу Џерси, а во образложението стои дека неспособноста на вработените од компанијата „Акзо Нобел“ го натерала да ја однесе јахтата долга 120 метра на повторно пребојадисување.
Вкупната цена од 73,5 милиони евра, која Мељначенко ја бара од „Акзо Нобел“ вклучува 18 милиони за ново боење и плус по три милиони евра месечно за да може изнајми нова јахта додека не завршат со поправките, а тоа ќе трае 18 месеци.
За луксузот на јахтата не треба да се трошат зборови, само чешмите и тушевите чинат 30.000 евра, за годишно одржување Мељниченко одвојува 14,3 милиони евра, а едно полнење гориво чини 360.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Девојката на Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа за појадок“ (ФОТО)