Баерн Минхен го покажа сиот сјај на фудбалската игра и со уверлива победа од 3-1 против Манчестер сити, потврди дека има сили и квалитет да ја одбрани титулата.
Галатасарај кој загуби со 1-6 во првата рунда од Лигата на шампионите, ја изненади „старата дама“ од Торино и извлече бод против Јувентус по конечните 2-2.
Уверлив беше Реал Мадрид, а „белиот балет“ прикажа уште една импресивна претстава со триумф од 4-0 против ФК Копенхаген. „Кралскиот клуб“ со гол-разлика од 10-1 е најефикасниот тим по првите две кола во ЛШ.
Вечерва и Пари Сен Жермен блескаше во градот на светлината Париз и со 3 гола во првиот дел лесно ја совлада Бенфика. Со идентичен резултат и хет-трик на Митроглу Олимпијакос го декласира Андерлехт во Брисел.
Во останатите вечерашни мечеви Баер го победи Реал Сосиедад со 2-1, Шахтар и Манчестер јунајтед ремизираа 1-1, ЦСКА во Москва беше подобра од Плзењ и славеше со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)