| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз на Вардар во СЕХА-лигата, Татран победи во Скопје со 37-34

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го претрпеа првиот пораз во СЕХА-лигата и тоа на свој паркет во СРЦ „Кале“ од Татран Прешов со 37-34.

Словаците одиграа подобро, видливо беше дека се работи за многу воигран и квалитетен состав, а одбраната на Вардар ја разбија Урбан кој даде 10 гола и беше нерешлива енигма и високиот бек Кристопанс кој даде 7 погодоци. Кај „црвено-црните“ кои неочекувано играа комплетни во најсилен состав во регионалното натпреварување, најефикасен беше Дибиров со 9 погодени удари. Филип Лазаров даде 5 гола, додека по 4 постигнаа Брумен и Петриќ.

По поразот Вардар остана на делба на третата позиција со Металург со по 7 бода, но ривалот од Автокоманда има натпревар помалку. Лидери со по 9 бода се Загреб (од три меча) и Татран Прешов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top