| четврток, 6 декември 2018 |

Канатларовски ќе биде тренер на Спартак Суботица

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Канатларовски ќе биде нов шеф на тимот на српскиот прволигаш Спартак Суботица

Dragan_Kanatlarovski golema

Тој се договорил со раководството на овој клуб за соработка до крајот на сезоната, со можност и за обновување на договорот, откако Спартак Суботица го отпушти Петар Курчубиќ по убедливиот пораз од Црвена Звезда (5-0).

Канатларовски по речиси двегодишна пауза, откако последен пат беше тренер на бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив, се враќа на тренерската клупа. Во меѓувреме, тој сепак не беше отсутен од фудбалските терени, со оглед дека работеше скаутинг за неколку клубови на Балканот и пошироко.
Драган Канатларовски треба и официјапно да биде промовиран во нов шеф на стручниот штаб на Спартак Суботица, клуб кој се наоѓа на 12.место во првенството на Србија, со седум освоени бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top