Лидерот на владејачката партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети пред дипломатите од земјите-членки на Европската унија во Брисел во рамки на конференција организирана од невладината Центар за европски политики (ЦЕПС), порачал дека Рамковниот договор во Македонија целосно ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во државата, пренесува МИА.
На оваа средба која изобилувала со темата за наметнатиот спор за нашето уставно име и за македонските евроинтеграции, Ахмети, кој присуствуваше заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, порачал дека патот на Македонија кон ЕУ и НАТО има голема поддршка кај албанската заедница во нашата земја, но дека поради нерешениот спор за името, Македонија не може да напредува. Поради тоа, тој уште еднаш порачал дека е потребно да се најде компромис за ова прашање.
Во рамки на неговиот престој во Брисел, Ахмети имал и неколку билатерални средби со официјални лица од ЕУ и НАТО, меѓу кои и со Питер Фејт и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


