Со натпреварот од групата Г меѓу Зенит и Австрија Виена, денеска ќе стартува второт коло во фудбалската Лига на шампиони. Средбата во Санкт Петербург ќе почне во 18 часот.
Дербито на вечерта е во Лондон, каде тимот на Арсен Венгер, Арсенал, го пречекува Наполи со нашиот Горан Пандев, кој би требало да биде во почетните 11 на гостинскиот тим. Двајцата стратези одлично се познаваат од англиската Премиер лига.
– Венгер е најдобриот менаџер во Премиер лигата. За противник имаме голем клуб, кого го води одличен тренер. Но, и Наполи е во еуфорија по победата на мојот состав против Борусија. Во екипата владее одлична атмосфера и се надеваме на поволен резултат – рече Бенитез.
Наполитанците на „Емирејтс“ денеска по трите бода ќе атакуваат без Игуаин и Раул Албиол.
И вториот македонски фудбалер што настапува во ЛШ, Даниел Георгиевски, би требало да биде еден од почетните 11 адути на Стеауа против фаворитот Челси.
Со оглед на лошата форма на Челси, Стеауа ќе се потруди да ги задржи трите бода во Букурешт, но Жозе Мурињо не мисли така.
– Нас нѐ интересира само победа во Букурешт, по поразот од Базел ништо друго не ни останува – рече тренерот на Челси, кој се налути на новинарите и ја напушти вчерашната прес-конференцијата.
Барселона на гостувањето кај Селтик оди без најдобриот играч Лионел Меси, кој го повреди мускулот на задната ложа против тимот на Алмерија. Се шпекулира дека Меси доби поштеда поради приватни проблеми. Татко му оди во затвор за затајување данок, афера во која беше инвовлиран и аргентинскиот ас.
– Секогаш фали играч од таков калибар бидејќи тој во секој момент може да го одлучи натпреварот. Многу сме тажни поради неговото отсуство, но и без Меси одиме на победа – рече Цеск Фабрегас.
– За нас добра вест е што Меси нема да игра. Тој, според мене, е најдобриот играч на светот и, сепак, посакував да игра во Глазгов, вечерва. Ќе се обидеме да се спротивставиме на Барса и да ги искористиме нашите шанси како минатиот пат – вели тренерот на Селтик, Нил Ленон.
Минатата година Селтик на домашен терен ја победи Барселона со 2-1.
Вториот дуел е меѓу старите познаници Ајакс и Милан. „Росонерите“ вечерва гостуваат на „Амстердам арена“, каде што ќе се обидат да дојдат до победа која би била голем чекор кон осминафиналето во Лигата на шампионите.
– Нема лесни натпревари во Европа. Ајакс игра добар фудбал, па мораме да бидеме внимателни. Само со максимум од сите играчи имаме шанса за победа – вели Алегри.
Отсутен вечерва ќе биде Стефан ел Шарави, кој се повреди на последниот тренинг на Милан пред патувањето во Амстердам.
Двојки за вечерва во ЛШ:
Зенит – Австрија Виена
Арсенал – Наполи
Стеауа – Челси
Селтик – Барселона
Ајакс – Милан
Борусија Дортмунд – Олимпик Марсеј
Базел – Шалке.04
Порто – Атлетико Мадрид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)




