Ретко сме сведоци како најдобрата тенисерка во светот, Серена Вилијамс, крши тениски рекети. Но, на турнирот на ВТА во Пекинг ја видовме и нејзината дива страна.
Серена и Венус Вилијамс испаднаа во првото коло по поразот од 6-7, 6-4, 11-9 од Хао Чинг Чан и Лизел Хубер.
Серена сервираше за да се спаси самата, а и нејзината сестра, но двапати погреши и им подари победа, а поради тоа, подиве.
Трипати го удри од земја и го фрли кон местото каде што седи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.