| четврток, 6 декември 2018 |

Наум Петревски: Имав сообраќајка, но, за среќа, сѐ е во ред

naum petreski

Наум Петрески пред три дена направил сообраќајка, но, за среќа, минал без потешки последици. Несреќата се случила на патот Охрид – Струга, а фолк-пејачот, кој во моментот на несреќата бил сам во автомобилот, минал без повреди, пишува Вечер.

– Тоа и не беше несреќа. Само се закачив со друг автомобил и, за среќа, сѐ е во ред. Некои медиуми објавиле дека сум избегал од местото на несреќата, а тоа не е така. Бев во полиција во Струга каде што потпишав записник. Тоа е, од мравка, слон се прави кај нас – изјави фолкерот за весникот, откривајќи дека и тој и другиот возач поминале без повреди, а штетата на автомобилите е минимална.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top