Жозе Мурињо не ги трпи британските новинари и повторно лут си замина од прес-конференција, овојпат во Букурешт, на еден ден пред дуелот меѓу неговиот Челси и Стеауа.
По прашањето на еден од англиските новинари зошто Кевин де Брујн остана во Лондон, Мурињо експлодираше, се обиде да одговори, па си замина.
– Ова е одлично прашање. Добро што не го споменавте неиграњето на Хуан Мата, како што досега правевте, цели три недели. Сега на ред дојде Де Брујн. Зошто постојано се интересирате за тие што не играат? Можеби не бев задоволен од неговиот ефект против Свиндон или како се однесува на тренинзите. Одлуката е моја и имам право на тоа. Еве прашајте го Франк (Лампард. з.а.). Тој ме знае повеќе од 9 години и ќе ви каже дека се обидувам да бидам макимално фер кон играчите – одговори Мурињо и ја напушти прес-конференцијата.
Тоа за Специјалниот не е ништо ново бидејќи и претходно знаел да експлодира, а познато е дека не трпи незгодни прашања од новинарите. Моментно и ситуацијата не му е розова, бидејќи скапиот тим на Челси не игра добро, а и резултатите се скромни. Во првото коло од Лигата на шампионите тимот од Лондон беше понижен од Базел и поразен со 1-2 на домашен терен на „Стемфорд бриџ“, па утре нема право на кикс против Стеауа, ако сака да ја мине првата фаза по групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)