Жозе Мурињо има огромно его, а ќе биде интересно ако биде во позиција да го предводи Челси во Лигата на Европа, натпреварување што не го цени.
– Заради мојата гордост, не би сакал да играме во Лигата на Европа. Не разбирам зошто третопласираните клубови од групите во Лигата на шампионите се префрлаат во ова натпреварување. Нема смисла и ако загубите и не се пласирате понатаму во ЛШ, треба да си чекате нова шанса. Би бил длабоко разочаран ако Челси биде принуден да игра во ЛЕ и затоа мора да ја победиме Стеауа – изјави Мурињо.
Челси ќе има тешка задача да победи во Букурешт против Стеауа утре од 20.45 часот, а има императив бидејќи го загуби дуелот со Базел на домашен терен во рамките на првото коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)