Ренато Вугринец одигра извонреден меч против Пари Сен Жермен и апсолутно заслужено е во тимот на втората рунда во Лигата на шампионите. Словенецот е број 1 на позицијата десен бек според изборот на ЕХФ, а со него во седморката најдобри е и извонредниот руски репрезентативец Тимур Дибиров од Вардар. Иако „црвено-црните“ загубија од Динамо Минск, Дибиров одигра добар меч и му прави друштво на Вугринец во најдобрата седморка.
Зачудува изборот зашто немаше трилинг ракометари во тимот на колото од македонските тимови Металург и Вардар, особено поради неверојатниот Дарко Станиќ. Голман со 18 одбрани и еден фатен пенал да не е во тимот на колото е чудно, но тоа е ЕХФ. Местото на Станиќ, кое апсолутно го заслужи, му припадна на Славомир Шмал од Кјелце. Покрај него и Вугринец и Дибиров, во најдобрата седморка се и пикерот Јакоб Хеинл од Фленсбург, десното крило Валентин Гонеа, средниот бек Лукас Карлсон од Колдинг и левиот бек Филип Јиха, член на Кил.
Мала утеха за Станиќ е место во топ 5 најдобри одбрани на колото, за Дибиров е најубавиот гол од топ 5 во оваа рунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


