| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Авион при слетување се заби во хангар и се запали

avion se zabi vo hangar

Двомоторен авион од типот „цесна“ при слетувањето на аеродром во Санта Моника во САД, се забил во хангар, а потоа и се запалил. Според информациите од противпожарната служба по несреќата, хангарот се урнал врз авионот поради што пожарникарите не можеле веднаш да пристапат на помош, јави „Си-Ен-Ен“.

Надлежните сѐ уште не знаат колку патници имало во авионот, но, според спецификацијата на леталото, во него може да собере најмногу деветмина. Надлежните велат дека ова било несреќа во која е невозможно да се преживее.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top