| четврток, 6 декември 2018 |

60 луѓе загинаа при уривање на зграда во Мумбаи

India Building Collapse

Најмалку 60 луѓе загинаа откако петкатна зграда се урна во финансискиот центар Мумбаи во Индија. По дводневна потрега, спасувачките екипи ја прекинале потрагата по преживеани.

Ова е трет катастрофале случај на уривање на зграда за шест месеци. Причините за уривањето се уште се утврдуваат.

Во зградата живееле вработени во градската управа. Објектот бил изграден во 1980 година, а локалните жители за трагедијата го обвинуваат интевеститорот кој користел лош градежен материјал, како и надлежните служби за надзор кои биле корумпирани.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top