| четврток, 6 декември 2018 |

Ражон Рондо ќе биде спремен за игра пред Нова Година

Навивачите на НБА гигантот Бостон „Селтикс“ нема по добро да ја паметат минатата сезона.

Најпрво се повреди плејмејкерот на екипата Ражон Рондо, а потоа, по завршувањето на натпреварувачката кампања, во „трејд“ битките тимот остана без тренерот, Док Риверс, како и без легендите Пол Пирс и Кевин Гарнет.

Сепак, Управата донесе засилувања, а надеж влева и оптимистичката прогноза дека Рондо би требало повторно да заигра на почетокот на декември. Ова го потврди генералниот менаџер на „Зелените“, Дени Ејнџ.

Тој истакнува дека нереално е да се очекува организаторот на играта на НБА составот од Масачусетс да го видиме на паркетот на почетокот на новата сезона, закажан за 30-ти октомври.

„Би бил шокиран ако Рондо заигра на стартот на сезоната. Пореално е повторно да биде на теренот на почетокот на декември, најдоцна пред Нова година“, изјави Ејнџ за американските медиуми.

Ражон Рондон заработи тешка повреда на лигаментите на колено во февруари, од кога и е отсутен од НБА паркетите. Инаку, Бостон во новата сезоната ќе тргне со натпревар против Торонто „Репторс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top