Капитенот на македонскиот вицешампион не ги криеше импресиите од победата над милионерите од Париз, им се заблагодари на публиката и на целата македонска јавност за големата поддршка што ја добиваат во секој натпревар, а во исто време ги откри главните причини за вечерашната голема победа:
Покажавме срце, македонски инает, упорност, една можеби не толку убава игра за очи, но игра која го нервираше противникот. Тренерот имаше одличен говор пред натпреварот со кој не мотивираше. Македонците се таков народ кој треба да се цени повеќе. Уште еднаш благодарам на целата македонска јавност, на цела држава, победата ја посветувам на целата држава и покажавме дека Македонците знаат да играат ракомет. Ќе покажеме уште добри вакви партии, изјави капитенот Наумче Мојсоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.