| четврток, 6 декември 2018 |

Наумче Мојсоски се врати во Струга: Тој е нов претседател и спонзор на РК Струга

Наумче Мојсоски се враќа во својот матичен клуб Струга по цели 20 години. Тој е избран на нов претседател на клубот, а функцијата официјално ќе ја преземе од понеделник, но, истовремено, ќе биде и негов главен спонзор.

-Оваа идеја се разработуваше во последните шест-седум месеци и сега на собранието беше и официјализирана, па од понеделник почнуваме со работа. Освен претседател, јас, односно мојата фирма, ќе биде и главен спонзор на клубот, но ќе помогнат и некои други компании, со кои имам соработка, вели Мојсоски.

извор: сдк.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top