Дарко Станиќ е на сцена, а кога српскиот интернационалец брани во препознатлив стил, Металург тешко губи. Човек со сто раце на голот на ланскиот четвртфиналист и вечерва покажува зошто е прогласен за најдобар голман во Европа.
Расположен за настап, одбрани дури 12 удари по две третини од мечот, а неколкупати ја крена на нозе публиката во салата „Борис Трајковски“, редум бранејќи ги ударите на скапите ѕвезди на ПСЖ, Хансен, Нарцис, Абало, Копљар…
На средина од вториот дел Металург има предност од 22-20.
Пишува: Зоран Поповски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.