| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар дојде до втората победа во СЕХА лигата

Вардар со победата над екипата на Мешков со 27:23 (14:14) изби на првата позиција со 7 бодови.

Во првиот дел и двете екипи се менуваа во водство, а во финишот Вардар водеше со 14:12, но му дозволи на противникот да изедначи.

Во вториот дел македонскиот шампион постојано водеше и го зголемуваше водството, кое во 59.минута беше и највисоко (27:22).

Најефикасен кај Вардар беше Алекс Душебаев со 5 голови со максимална реализација. По 4 голови постигнаа Филип Лазаров и Тимур Дибиров.
На голот на Вардар во првиот дел беше Алдаве Малумберс 10 одбрани, а во вториот дел повратникот во тимот Петар Ангелов – 6 одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top