Нов ракометен вулкан го тресе Скопје и салата „Борис Трајковски“, а по моќната Барселона, во главниот град на Македонија гостин ни е најскапиот тим во историјата на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен.
Барселона е најтрофеен ракометен клуб на планетата со 8 титули, но потклекна на жешката атмосфера што ја приредија навивачите на Вардар, па Каталонците едвај спасија неден бод во ремито 29-29, минатиот викенд.
На ред е ПСЖ, а сега домаќин е македонскиот вицешампион Металург, ланскиот четвртфиналист во ЛШ. Атмосферата во салата „Борис Трајковски“ повторно е импресивна, што ќе биде огромен адут на домаќините да направат изненадување против францускиот дрим-тим, со буџет од над 13 милиони евра.
Натпреварот почна предмалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.