| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките на Будуќност за два дена ги преслушаа и Вардар и Металург

Ракометарките на Будуќност за два дена ги „преслушаа“ и Вардар и Металург и тоа во Скопје, во рамките на Регионалната Лига. Црногорскиот гигант најпрво победи против девојките во „црвено-црни“ дресови со 24-20 и тоа вчера, а попладнево уште поубедливо славеа со 33-24 проти ривалките од Автокоманда.

Будуќност е еден од најдобрите женски клубови на планетата, има и титули во Лигата на шампионите, а вечерва го потврди екстра-квалитетот и во дуелот со Металург.

Камила Далби со 9 погодоци беше нерешлива енигма за одбраната на домашниот тим, додека кај Металург Зорица Десподовска беше најефикасна со 8 гола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top