Традиционална германска музика, хостеси во германски носии, ладно пивце и топли баварски специјалитети – вака беа пречекани многубројните гости на синоќешниот „Октоберфест“ во Скопје.

Се беше во духот на Германија
Настанот, кој традиционално веќе 7 година по ред го организира Македонско-германското стопанско здружение и претставништвото на Унијата на германските комори за индустрија и трговија, повторно се одржа во седиштето на Маккар-БМВ на улицата „Скупи“.

Вели Мумин не пропушти да се слика со заводливите хостеси во германски носии
Голем број претставници од бизнис-секторот и дипломатијата, во отпуштено издание уживаа во германските переци, свинската коленица со зелка, далеку прочуените баварски колбаси, како и неизбежното светло пиво кое не престана да се точи.

Германската амбасадорка ги поздрави присутните на македонски и наздрави со нејзиниот нов заменик

Зоран Калеников – генералниот менаџер на КА-ДИС

Златко Муцунски – генерален директор на ПОРШЕ Македонија

Филип Петровски со сопругата
Погледнете ја целата фотогалерија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


