| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос и Кери разговарале за името

Evangelos Venizelos (1)

Спорот за името на Македонија бил една од темите на синоќешната средба на грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос со американскиот државен секретар Џон Кери во Њујорк.

Грчкото МНР соопшти дека на средбата одржана на маргините на министерскиот состанок САД – ЕУ во рамките на 68. Генерално собрание на ОН, Венизелос го информирал Кери за позициите на Атина за прашањето за името, како и за последните случувања во врска со кипарскиот проблем. Повеќе детали од разговорите не се наведуваат.
Венизелос претходно имаше среда со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top