| четврток, 6 декември 2018 |

„Дизниленд“: Злоупотреба на билетите за хендикепирани

Disney-World-Disabled-Guest-Assistance-Card11„Дизниленд“ наскоро ќе престане да продава билети за хендикепирани лица и за лица со посебни потреби со кои тие и нивните придружби можеа да ги прескокнат долгите редови чекајќи да посетат некој од објектите во забавниот парк. Всушност, од управата на паркот велат дека откриле многу злоупотреби на овие билети, а најмногу од некои побогати семејства, кои им плаќале на лицата со посебни потреби за да ги придружуваат во прошетката низ парковите, а притоа и да не чекаат ред за возење. Наместо тоа, хендикепираните гости сега ќе добиваат само можност за едно возење во определено време. Сето тоа наиде на остри реакции од семејствата на лицата со хендикеп, за кои посетувањето на овие паркови велат дека им значат многу. Од друга страна, се лутат и на оние кои ја злоупотребуваат нивната состојба.Disneyland-June-16th-2012-117

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top