Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, се врати во Париз, но овој пат да ги искористи слободните денови и да ужива со своето семејство во Дизниленд. Аргентинскиот фудбалер се обиде да остане незабележан, маскиран со брада, со капа и со црни очила, но тоа не му успеа во целост.
Фудбалерот на Барселона беше забележан од фановите кои не ја пропуштија шансата да се фотографираат со својот идол. Па фотографиите на „маскираниот“ Меси со воодушевените фанови брзо осамнаа на интернет.
Фудбалерите на Барселона минатата недела славеа голема победа против ПСЖ со 6-1 во Лигата на шамапионите. Но, само неколку дена потоа во шпанската Примера, загубија на гостувањето во Ла Коруња со 2-1. Во недела Барселона ја очекува дуелот со Валенсија и обидот со победа да го симнат Реал Мадрид од врвот на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Притвор за тројца осомничени за убиството на семејството од Дебар