Околу 420 илјади денари штета претрпела албанската државјанка С.М. (31) откако засега непознати сторители изминатата ноќ извршиле тешка кражба во станот во кој таа времено претстојувала на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ без број во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– Крадците го искористиле нејзиното отсуство, насилно ја отвориле влезната врата од станот, целосно ја пребарале внатрешноста и од спалната и другите простории одзеле повеќе парчиња разновиден златен и накит од „сваровски“, три женски часовници, два мобилни телефони, како и 2.000 евра во разни апоени кои биле во паричник, 30 илјади денари и лаптоп. Вкупната материјална штета според С.М. се проценува на околу 420 илјади денари – рече Јосифовски.
Полицијата извршила увид и презема активности за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.