| четврток, 6 декември 2018 |

Виница најхумана крводарителска општина во Македонија

Со 4300 активни крводарители, Виница според бројот на жители и 2012 година го задржа епитетот- најхумана општина, а според бројот на собрани крвни единици, првите три места во државата ги делат и Велес и општина Центар

Ланскиот резултат од 1650 собрани крвни единици и натфрлен план од 280% го најави и денешната прва акција за оваа година во која до 12.00 часот беа собрани 70 крвни единици.

20-40 години е популацијата која е најбројна во дарувањето крв, а лимитираната возраст  е 65 години, 21 крводарител во општината  се со престижните 100- пати дадена крв, за кои на 17 март ќе следуваат и пригодни награди.

Инаку во Виница според видот на крвната група најзастапени се А и О позитив, а најретки, воедно и најпроблематични се негативните групи, АБ, О и Б негатив.

Општинската организација на Црвен Крст и годинава планира да реализира 16 крводарителни акции, од кои 4 ќе бидат вонредни како минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top