Од сега Јелена ќе ја петставувам како моја вереница и идна сопруга…хехе, почнува навикнувањето на слатките маки! Песреќни сме – напиша Новак Ѓоковиќ на својот фејсбук профил, споделувајќи ја со фановите веста за свршувањето со долгогодишната девојка.

Тие се свршиле во Монте Карло пред два дена. Веста за свршувачката, за српските медиуми ја потврдила мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ.
„Благодарам. Да, се свршија и тоа е се што можам да ви кажам. Им посакувам многу среќа, не можам ништо повеќе да зборувам во нивно име“ – изјавила таа за српскиот „Пулс“.
Британските медиуми шпекулираат дека кум ќе биде еден од неговите најголеми конкуренти на теренот – Енди Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


