Вистинска рововска битка се води во Минск, а по првото полувреме Динамо и Вардар одиграа нерешено 11-11, во премиерниот меч од второто коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак солидно го почна мечот имаше предност од 3-2, а потоа со серија од 6-1, Динамо поведе со 8-4, што беше најголемата разлика за еден од двата состави во првото полувреме. На бековските позиции Вардар немаше расположен ракометар, па во игра мораше да влезе Алекс Душебаев. Тој ја забрза играта на „црвено-црните“, а со серија од 4-0, Вардар израмни на 8-8. До крајот беше израмнето, со по 11 погодоци во двете мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


