| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар победи и испадна од Купот

Македонскиот шампион Вардар победи денеска против Металург со 2-1 во реванш мечот од осминафиналето во националниот куп и се прости од натпреварувањето, поради гол примен на гости. Металург славеше на првиот натпревар со 1-0, што му беше доволно и покрај денешниот пораз во Охрид да оди понатаму.

Оливер Пеев му донесе предност на Металург, а Вардар фати приклулок со головите на Стојков и на Адемовиќ, но немаше сили во второто полувреме да постигне уште еден погодок за пласман во четвртфиналето.

Брегланица е хит на новата сезона во македонскиот фудбал, епитет кој штипјани го потврдија и денеска со елиминација на Турново. На домашен терен Брегланица победи идентично, 1-0, како и Турново дома, па пеналите одлучуваа. Домаќините беа прецизни, гостите три пати промашија и се простија од амбициите во Купот. Понатаму одат и прволигашите Работнички, Шкендија и Напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top