Миле Хаџиски, Македонецот кој се бара веќе 20 години ќе биде екстрадиран во Македонија, одлучи францускиот суд кој одговори позитивно на барањето на македонските власти за екстрадиција.
Одлуката на судот од Ним беше очекувана со оглед на тоа дека обвинителот при првото рочиште одржано на 28 август истакна дека на датумот кога е направено делото тој немаше француско државјанство и нема мотив да се спротивстави на неговата екстрадиција.
Хаџиски во 1993 година ја уби својата девојка Мери Јошевска и беше осуден на 20 години затвор.
Но успеал да побегне од Македонија и да се приклучи на Легијата на странците на француската армија каде се претставувал како Зоран Томиќ. Беше уапсен во Швајцарија пред две години за кражби и разбојништва, но избегал и од таму по што се приклучил на криминалната српска група Пинк Пантер.
Конечно беше уапсен на 19 август во Франција, а сега ќе биде екстрадиран во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.