Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија вечерва ја почнaa новата сезона на францускиот кино-клуб. Вечерва во Кинотеката на Македонија на присутните по повод отворањето на сезоната им се обрати француската актерка и внука на славниот Жерар Депардје, Делфин Депардје.

Веднаш по обраќањето на Делфин Депардје, која престојува во Македонија по повод снимањето на нејзинот нов филм „Враќање“, следуваше премиерата на филмот „Љубени“ на режисерот Кристоф Оноре, со Катрин Денев и Кјара Мастројани.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


