Денеска започна женскиот ракометен шампионат на Македонија. Ждребот сакаше уште во првото коло да се сретнат најголемите фаворити за титулата екипите на Вардар и Металург кој се одигра во салата во Автокоманда и заврши нерешено 23-23.
Натпреварот во текот на сите 60 минути беше израмнет. Во првото полувреме вардарки не можеа да најдат лек за расположениот голман на Металург Михаела Иаоломитеану. Таа е најзаслужна што составот на Крсто Петрушевски на полувреме замина со еден гол предност 11-10.
Во вториот дел дрим-тимот на Вардар ја презема иницијативата и водеше цело време со еден до два гола. Буквално во последната секунда Мечевска од составот на Металург го израмни резултатот и ги постави конечните 23-23.
Најефикасна кај Металург, а воедно и на целиот натпревар беше Гроздановска со осум погодоци. Мечевска даде седум, а Деспотовска пет.
Во воставот на Варадар најмногу се истакнаа Лојпур и Радичевиќ со пет, додека Хмирова даде четири гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


