| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: САД да посредуваат за името

ahmeti-volers

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на вчерашната средба со американскиот амбасадор Пол Волерс, ги повикал САД да се ангажираат директно и интензивно за решавањето на единствената пречка која што стои меѓу Македонија и зачленувањето во НАТО и започнувањето на преговори за членство во ЕУ.

– Прашањето со името не треба да ги држи во заложништво нашите стратешки приоритети и затоа треба да се пронајде решение што е можно побрзо со олеснувањето со олеснување на меѓународната заедница – побарал Ахмети, според соопштението до ДУИ.

Амбасадорот Волерс, се вели во текстот, ја нагласил уште еднаш подршката на САД за евроатлантските интеграции на Македонија и поттикот за дијалог меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името.

– ДУИ и Албанците воопшто, но и мнозинството граѓани на Македонија не ја сакаат изолацијата, туку инсистираат на интеграцијата на земјата во Брисел затоа што само овој процес може да донесе стабилен мир, сигурност, но и економски развој и нови работни места – посочил Ахмети.

На средбата Ахмети и амбасадорот Волерс размениле мислења, како што се наведува, околу интензивната кампања на ДУИ за забрзување на евроатлантскиот интегративен процес, како и за политичките случувања во земјава и регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top