Истражувањето кое било спроведено над 5 милиони случаи на разводи во Британија покажало дека неверството е се помала причина за разделба, приматот го презема „неразумното однесување“ на еден од партнерите.
студијата се спроведувала од седумдесеттите години од минатиот век, а резултатите покажале дека разведените луѓе се помалу и помалку го наведуваат неверството како причина за прекин на бракот.
Така, во 70-тите поради неверство ставале крај на бракот 29 проценти од двојките, за денеска тој процент да падне на само 15 проценти.
Модерните двојки како најголема причина ја наведуваат неразумното однесување на партнерот – за оваков проблем се развеле 47 проценти од анализираните двојки. Пред 40 години поради ваква причина се разделиле 28% од двојките.
Како неразумно однесување се наведува „асоцијални мажи кои се обидуваат да ја наметнат вината на жената кога сака да излезе со пријатели. Иако во минатото во најголем број од разводите за неразумно однесување биле виновни мажите, истражувањето покажало дека во денешно време се повеќе жени се однесуваат неразумно, односно, поради оваа причина денес пет пати повеќе мажи се решиле да ги остават своите брачни другарки во однос на оние од пред 40 години.
Во едно претходно истражување пак, беше откриено дека паровите најчесто се разведуваат по летните одмори и дека двојките кои се караат за финансии често се разведуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.