Изложбата „Берлин 1933, на патот кон диктатура“ организирана е во центарот за документација „Топографија на теророт“ на местото каде некогаш било сместено седиштето на Гестапо, тајната полиција на нацистичка Германија, која ќе ја отвори Меркел.
Преку фотографиите, насловните страни на весниците и плакатите се прикажуваат првите месеци од власта на нацистичкиот диктатор.
Изложбата ги покажува клучните моменти од летото 1933, а изложени се и фотографии од пожарот во Рајстагот и првите мерки против Евреите и почетокот на бојкотот на еврејските продавници, лекари и адвокати. „Германци бранете се! Не купувајте еврејско!“, пишува на еден од плакатите.
За директорот на центарот „Топографија на теророт“ Андреас Нахман изложбата ја отсликувала „дневната ерозија на демократските институции“ во првите месеци на нацистичката катастрофа, која ќе однесе меѓу 40 и 60 милиони животи, меѓу нив и на шест милиони Евреи.
Втората изложба на тема „Берлин и нацисти“ ќе биде отворена во четврток во музејот на германската историја и преку неа ќе биде претставени местата што го симболизираат Третиот Рајх.
– Се соочуваме со нашата историја, не криеме ништо, не потиснуваме ништо. Треба да се соочиме со тоа за да во иднината бидеме добар партнер, кому може да се верува, изјави Ангела Меркел, во видео пораката објавена на интернет во саботата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.