По заздравувањето од тешката повреда играчот на Чикаго Булс, Дерик Роуз се враќа на паркетот, како што тој вели, посилен од било кога.
Експлозивниот плејмејкер на биковите тврди дека ја зголемил силата, брзината а го поправил и шутот, сепак ова треба да го докаже на терен.
Роуз на почетокот на плеј оф сезоната го скина лигаментот на левото колено, по што паузираше цела сезона. Поради тежината на повредата сите мислеа дека тоа е крајот на кариерата на кошаркарот, но оваа сезона се враќа со најсилен до сега.
-Работата кај мене е што од секогаш сум бил јак, ама стилот на игра ми е таков што секогаш користев финти за да влезам под кошот. Во моето место каде што играв кошарка немаше фаули, па така се навикнав да погодувам од сите позиции. Оваа година додадов повеќе снага, па така сега поагресивно ќе влагам и погаѓам- рече Роуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



