| четврток, 6 декември 2018 |

Посредникот за првпат контра Грција

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

По­сред­ни­кот во пре­дол­ги­от спор за име­то про­дол­жу­ва со оби­ди­те да се нај­де ре­ше­ние за име­то. Во Скоп­је дој­де на­вре­ден отка­ко грч­ка­та вла­да, без ни­ка­ков об­ѕир за не­го­ви­те го­ди­ни и за на­по­ри­те што во пос­лед­ни­ве две де­це­нии ги пра­ви за на­о­ѓа­ње ре­ше­ние, се оби­де да го на­ма­ли на ми­ни­мум не­го­ви­от ста­тус на спе­ци­ја­лен прет­став­ник на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на Обе­ди­не­ти­те на­ции.

goran-kol-16-nimitz-i-smaras

Пос­лед­на­та ми­си­ја на Мет­ју Ни­миц на Бал­ка­нот не мо­же­ше да за­вр­ши со ус­пех. Во мо­мен­ти ко­га Европ­ска­та уни­ја и Гр­ци­ја во­дат те­шки кон­сул­та­ции ка­ко да се по­пол­ни но­ви­от прод­ла­бо­чен грч­ки де­фи­цит отка­ко дел од член­ки­те на евро­зо­на­та нај­а­ву­ва­ат де­ка не­ма да да­ва­ат но­ви па­ри за грч­ки­те дол­го­ви, Ни­миц зна­е­ше де­ка не­ма шан­си за на­пре­док во пре­го­во­ри­те. На по­сред­ни­кот му бе­ше јас­но де­ка во мо­мен­ти­те ко­га Са­ма­рас раз­мис­лу­ва по­втор­но да ги на­ма­ли пла­ти­те со што СИ­РИ­ЗА мо­же да ста­не нај­сил­на пар­ти­ја спо­ред реј­тин­гот, не по­сто­јат еле­мен­тар­ни ус­ло­ви за че­кор во спо­рот за име­то. Уште по­ве­ро­јат­но е де­ка Ни­миц зна­ел де­ка во Ати­на ќе би­де пре­че­кан со твр­ди по­зи­ции.

Со тоа ста­на акту­ел­но пра­ша­ње­то, кое ме­ѓу дел од до­бро­у­па­те­ни­те во спо­рот бе­ше пред­мет на рас­пра­ва уште ми­на­та­та го­ди­на. Име­но, не­кол­ку грч­ки но­ви­на­ри и дип­ло­ма­ти во не­кол­ку на­вра­ти иска­жу­ва­ле страв и ги пре­ду­пре­ду­ваа сво­и­те ми­ни­стри де­ка е крај­но вре­ме да на­пра­ват по­зи­ти­вен по­тег во пре­го­во­ри­те, ина­ку по­сред­ни­кот би мо­жел јав­но да про­го­во­ри де­ка не се сог­ла­су­ва со ста­во­ви­те на Ати­на. И тоа се слу­чи отка­ко Са­ма­рас ме­сто да да­де од­го­вор или су­ге­стии за април­ски­от пред­лог на Ни­миц, ле­жер­но дал свој пред­лог, кој е са­мо пре­дус­лов за по­че­ток на вто­ра­та рун­да на ко­ја Гр­ци­ја ќе се на­фа­ти са­мо ако Ма­ке­до­ни­ја се сог­ла­си да си ги сме­ни и Уста­вот и па­со­ши­те и лич­ни­те кар­ти.

Аме­ри­кан­ски­от дип­ло­мат од ка­ри­е­ра и член на управ­ни од­бо­ри на не­кол­ку во­деч­ки аме­ри­кан­ски ком­па­нии за прв­пат во до­се­гаш­на­та исто­ри­ја на спо­рот јав­но ка­жа да­ли за одре­ден дел од пред­ло­зи­те се сог­ла­су­ва или е про­тив. Ни­миц во Скоп­је на­пра­ви пре­се­дан ко­га ка­жа де­ка е про­тив пред­ло­гот на Са­ма­рас за оп­се­гот на упо­тре­ба на евен­ту­ал­но­то но­во име.

– Мо­јот пред­лог по­драз­би­ра одре­ден оп­сег на упо­тре­ба, кој има одре­де­ни па­ра­ме­три, но не и це­лос­на упо­тре­ба. Грч­ки­от пред­лог е за вкуп­на упо­тре­ба – ре­че по­сред­ни­кот на ОН, кој во пос­лед­ни­те 18 го­ди­ни ус­пеа во сво­и­те из­ја­ви и јав­ни обра­ќа­ња се­ко­гаш да нај­де рам­но­те­жа за да не соз­да­де чув­ство де­ка е суб­је­кти­вен или де­ка за­зе­ма по­зи­ци­ја во од­нос на не­ко­ја од стра­ни­те. При­тоа, исто та­ка, за прв­пат Ни­миц не ги спро­тив­ста­ви по­зи­ци­и­те на две­те зем­ји ту­ку сво­јот став и ста­вот на Гр­ци­ја, што е крај­но не­во­о­би­ча­е­но за дип­ло­ма­тот, кој има огром­но те­о­рет­ско и пра­ктич­но искус­тво отка­ко ре­чи­си 40 го­ди­ни по­сре­ду­вал во ба­ра­ње ре­ше­ние за ки­пар­ски­от и за ма­ке­дон­ски­от проб­лем.

Ние име тие ре­дос­лед, тие име ние ре­дос­лед

Ни­миц во из­ја­ва­та по сред­ба­та со пре­ми­е­рот Гру­ев­ски по­твр­ди уште ед­на ин­фор­ма­ци­ја, ко­ја дол­го бе­ше са­мо не­о­фи­ци­јал­на. По­сред­ни­кот не ка­жа де­ка за Гр­ци­ја е проб­лем на­чи­нот на кој ќе се из­ве­ду­ва­ат „иден­ти­тет­ски­те“ ас­пе­кти на ре­ше­ни­е­то, но приз­на де­ка Гр­ци­ја има проб­лем со ме­сто­по­лож­ба­та на ге­о­граф­ска­та одред­ни­ца. Со тоа ста­на де­фи­ни­тив­но јас­но зо­што Ати­на не са­ка да при­фа­ти ге­о­граф­ска одред­ни­ца пред се­гаш­но­то устав­но име Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и де­лум­но се по­твр­ди­ја ин­фор­ма­ци­и­те де­ка Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе по­ну­ди­ла Гр­ци­ја да ја из­бе­ре одредницата, а ние ре­дос­ле­дот или обрат­но, ако Ати­на из­би­ра ре­дос­лед ние да из­би­ра­ме одредница, пред­лог, кој сѐ до­де­ка не бил од­би­ен од Ва­си­ла­кис во Ва­шин­гтрон, се сме­тал за од­лич­на ба­за за до­а­ѓа­ње до фи­нал­но ре­ше­ние.

Аме­ри­ка­не­цот во Скоп­је јас­но ка­жа де­ка тој и Гр­ци­ја се на две раз­лич­ни стра­ни и тоа отка­ко со го­ди­ни исти­те акте­ри во пре­го­во­ри­те мно­гу па­ти раз­го­ва­ра­ле на оваа те­ма. За тие што ги сле­дат пре­го­во­ри­те во пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни, ова е сли­чен слу­чај ка­ко ко­га во 2007 го­ди­на, на ед­на од сред­би­те за име­то во Њу­јорк, то­гаш­ни­от ма­ке­дон­ски пре­го­ва­рач, ам­ба­са­до­рот Ни­ко­ла Ди­ми­тров, по не­кол­ку сред­би на кои се раз­го­ва­ра­ло за су­штин­ски де­та­ли од па­ке­тот, по кон­сул­та­ци­и­те со вла­да­та и со пре­тсе­да­те­лот Цр­вен­ков­ски, на сред­ба­та со Ни­миц на­ста­пил со по­зи­ци­ја­та „двој­на фор­му­ла“, што го збес­на­ло по­сред­ни­кот.

Вто­ри­от мо­мент што е ва­жен во овој кон­текст, а кој, исто та­ка, се­га, нај­ве­ро­јат­но, го воз­не­ми­рил Ни­миц, е му­а­бе­тот за тоа да­ли збо­рот „Ма­ке­до­ни­ја“ мо­же или тре­ба да би­де дел од евен­ту­ал­но но­во име. Тој не ка­жа да­ли во Ати­на бил све­док на вра­ќа­ње­то на Гр­ци­ја на по­зи­ци­и­те од 1991 го­ди­ни, по­точ­но од та­ка­на­ре­че­на­та Ли­са­бон­ска дек­ла­ра­ци­ја, ко­ја ин­си­сти­ра­ше зем­ја­ва да не мо­же да го ко­ри­сти збо­рот „Ма­ке­до­ни­ја“, но по­чув­ству­ва по­тре­ба по­втор­но да ка­же де­ка две­те стра­ни се дел од ре­ги­о­нот и за­тоа има­ат пра­во да го ко­ри­стат име­то на по­ши­ро­ка­та ге­о­граф­ска об­ласт на ко­ја ѝ при­па­ѓа­ат. Со тоа тој ди­рект­но му се обра­ти на пре­ми­е­рот Са­ма­рас по­ра­ди чи­ја­што по­зи­ци­ја за оваа точ­ка пад­на ед­на грч­ка вла­да во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, а тој мо­ра­ше да ја на­пу­шти Неа де­мо­кра­ти­ја.

Се раз­би­ра, прем­но­гу би би­ло на­ив­но да се ве­ру­ва де­ка по­сред­ни­кот во Скоп­је јав­но се кон­фрон­ти­ра­ше со пред­ло­гот на Са­ма­рас по­ра­ди ли­чен гнев, су­е­та или на­вре­да. Мно­гу по­ве­ро­јат­но е да се ве­ру­ва де­ка тој пре­не­су­ва по­ра­ка од не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци на по­ви­со­ко ни­во во аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент, кој опе­ра­тив­но ја во­ди це­ла­та про­це­ду­ра на пре­го­во­ри, а зад кои са­мо фор­мал­но стои свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја.

Оба­ма не е за­ин­те­ре­си­ран, има ли гри­жа на со­вест?

Ед­но од сце­на­ри­ја­та што се во оп­тек ве­ли де­ка ни­ту аме­ри­кан­ска­та дип­ло­ма­ти­ја ни­ту Ни­миц ве­ќе не мо­жат да ја то­ле­ри­ра­ат грч­ка­та игра и оби­дот да се ку­пу­ва вре­ме. За­тоа во ид­ни­на не се иск­лу­чу­ва исто ка­ко и во сре­да­та во Скоп­је, тој по­о­тво­ре­но да го­во­ри за по­зи­ци­и­те што ги изра­зу­ва­ат стра­ни­те, а кои се над­вор од се­ко­ја ло­ги­ка и здрав раз­ум, осо­бе­но за­тоа што прет­ход­но тие во не­кол­ку на­вра­ти би­ле разг­ле­ду­ва­ни, па ду­ри и рас­чи­сте­ни.

Ова сце­на­рио ко­рес­пон­ди­ра и со не­о­фи­ци­јал­ни­те ин­фор­ма­ции што ги ли­фе­ру­ва сил­на­та дип­ло­мат­ска и до­пис­нич­ка мре­жа на Гр­ци­ја на Ист Ри­вер, спо­ред кои на пос­лед­на­та сред­ба во овал­на­та со­ба на Бе­ла­та ку­ќа, аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Оба­ма на Са­мрас му изра­зил ап­со­лут­на под­др­шка, но исто­вре­ме­но му по­ра­чал де­ка мо­ра да на­пра­ви сѐ што е во не­го­ва моќ за фи­нал­но ста­би­ли­зи­ра­ње на Бал­ка­нот, што дел од наб­љу­ду­ва­чи­те го тол­ку­ва­ат ка­ко да­ва­ње рок во кој, ме­ѓу дру­го­то, Гр­ци­ја тре­ба да пре­ки­не со мал­тре­ти­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја.

Оба­ма не е лич­но за­ин­те­ре­си­ран за пра­ша­ње­то, об­је­ктив­но е под сил­но вли­ја­ние на грч­ка­та за­ед­ни­ца во САД, а Гр­ци­ја му е стра­те­ги­ски парт­нер во Ме­ди­те­ра­нот ка­де што во ид­ни­на ќе би­дат фо­ку­си­ра­ни дип­ло­мат­ски­те и во­е­ни­те ак­ции во кои би се ко­ри­сте­ла грч­ка­та ло­ги­сти­ка. Се­пак, прав­ни­кот во Бе­ла­та ку­ќа, ба­рем спо­ред из­ја­ви­те што ги да­ва­ше на сред­би­те со пре­тсе­да­те­лот Ива­нов на мар­ги­ни­те на при­е­ми­те за вре­ме на ге­не­рал­но­то со­бра­ние на Обе­ди­не­ти­те на­ции има гри­жа на со­вест за не­ре­ше­но­то пра­ша­ње за име­то. Иа­ко тоа за­се­га е во зо­на­та на мал­ку мож­но, дел од грч­ка­та ди­јас­по­ра не иск­лу­чу­ва де­ка ос­ло­бо­ден од стра­вот де­ка ќе ги за­гу­би гла­со­ви­те на грч­ки­те гла­са­чи во САД, Оба­ма, кој ве­ќе не мо­же да се кан­ди­ди­ра за пре­тсе­да­тел, би мо­жел да при­тис­не за ре­ша­ва­ње на грч­ко-ма­ке­дон­ски­от спор.

(објавено во 54. број на неделникот „Република“, 13.09.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top