| четврток, 6 декември 2018 |

Убав јубилеј – Стотка на врвот за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ денеска бележи убав јубилеј, со почеток на стотата седмица на врвот на светската тениска ранг-листа. Српскиот ас има 11.120 поени, 260 повеќе од Рафаел Надал, ривал што има шанса да го симне од врвот. Дотогаш Новак ќе ужива на лидерската позиција во светот на машкиот тенис, а тој е само еден од осумтте во историјата што минал 100 или повеќе недели на врвот.

Првото место на вечната листа составена од тенисери со најдолг престој на чело на АТП ја предводи Роже Федерер, со вкупно 302 седмици, пред Пит Сампрас со 286. Над стотката се и Иван Лендл, Џими Конорс, Џон Мекинро, Бјорн Борг, Рафаел Надал и Андре Агаси.

За Новак сега следи нов предизвик, АТП турнирот во Пекинг, на кој ја брани титулата. Реприза за него на кинескиот турнир е императив, ако сака да остане на врвот на светската ранг-листа, а патем Надал не смее да се пласира во финалето. Во случај Ѓоковиќ повторно да го освои трофејот во финале против Надал, Шпанецот ќе биде нов лидер на АТП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top