Познатата дизајнерка Тања Кокев е првата Македонка која промовираше своја линија на парфем. Инспирирана од актерката Јелена Јованова, која воедно е и заштитно лице на парфемот, Тања го создаде парфемот „aктрес“ („Actress“), чијашто формула се изработуваше шест месеци во француска фабрика.
На саботната гламурозна промоција во Македонскиот народен театар присуствуваа голем број познати личности од јавниот живот, а меѓу нив актери, политичари, пејачи, колеги и, пред сѐ, пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


























