| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија освои 3 то место на Еп во Словенија

Кошаркарската репрезентација на Шпанија го освои бронзениот медал на Евробаскет 2013 во Словенија. Во малото финале, денеска Шпанија беше подобра од селекцијата на Хрватска, победувајќи ја со 92-66

spanija kosarka basket

 

Шпанците беа први фаворити за златото, меѓутоа во драматичен меч во полуфиналето загубија од Франција предводена од Тони Паркер, па фрустрацијата ја излечија на Хрватите.

Избраниците на Јасмин Репеша имаа сили да се спротивстават само во првите петнаесетина минути, имаа дури и водство од 27-28, но Шпанија додаде гас и на полувремето замина со предност од 11 поени разлика (47-36). До крајот Шпанците само го потврдија својот квалитет и славеа со конечни 92-66.

Бојан Богдановиќ беше најдобар во селекцијата на Хрватска, со 22 постигнати поени, од кои најголемиот дел во првото полувреме, кога речиси сам го одржуваше својот национален тим во живот. Кај Шпанците, Серџо Љуљ беше стрелец на 21 поени, Марк Гасол постигна 17, а Виктор Клавер еден поен помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top